Мој Термин
Најди слободен термин
x
    Погледни ги сите слободни термини

    Нови термини и термини за контрола

    6 Окт 2014

    Почитувани,
    Ве известуваме дека од 01.11.2014 година секоја сабота од 08.00 до 16.00 часот во Поликлиника Букурешт во сите специјалистички служби (интерна медицина, оториноларингологија, офталмологија, рентген дијагностика, дерматовенерологија, невропсихијатрија, физикална медицина и рехабилитација), дежурствата ке бидат креирани по Националниот систем за електронски евиденции во здравството - Мој Термин и тоа со следниот распоред.

    од 08.00 ч. до 11.00 ч. -12 прегледи
    11.00 - 11.30 пауза и
    11.30 ч. до 15.00 ч. - 14 прегледи 
    15.00 ч. - 16.00 ч. - контролни прегледи.

    Со почит,
    ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје

    Известување за нов начин на упатување на пациенти кон ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство

    12 Септ 2014

    Почитувани,

    Би сакале да Ве известиме за промената на начинот на закажување на пациенти преку системот МојТермин.

    Од месец октомври 2014 година, закажувањето за специјалистички/субспецијалистички  прегледи ќе се извршува КОН АМБУЛАНТИ, односно доколку сакате да закажете преглед потребно е на пациентот да му издадете електронски упат преку системот Мој Термин, но наместо досегашната пракса да се закажуваат прегледи кај доктори специјалисти, од сега закажувањето прегледи ќе се изведува кон амбулантите на ЈЗУУГАК.

    Би сакале да Ве известиме и да Ве запознаеме со распоредот и работата на амбулантите на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје,  а со цел да нема забуни и погрешно закажување на пациентите во несоодветна амбуланта и кај несоодветен доктор преку системот Мој Термин.

    На Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје работат 9 амбуланти од кои што една од нив е дежурна, приемна амбуланта за итни случаи. Во таа амбуланта не се вршат закажувања. Останатите осум амбуланти се поделени на две општи акушерски,  две општи гинеколошки амбуланти и четири субспецијалистички амбуланти.


    ОПШТИ АМБУЛАНТИ

    ·        Акушерска бр.1 и 2 со ознака број 37 и 36

    ·        Гинеколошка бр.1 и 2 со ознака број 34 и 11

     

           СУБСПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ АМБУЛАНТИ

    ·        Уролошка со ознака број 33

    ·        Онколошка со ознака број 35

    ·        Перинаталошки скрининг и супервизија со ознака број 28

    ·        Ендокринологија, асистирана репродукција и неплодност  со ознака број 29
     

    СПЕЦИФИКАЦИЈА НА АКУШЕРСКИ АМБУЛАНТИ

    Акушерска амбуланта број 37 е амбуланта во која се вршат прегледи за трудници во првиот триместар од бременоста (11 – 13 недела или ПРИСКА 1), втор триместар од  бременоста (16 – 18 недела или ПРСКА 2), и трет триместар од 20 – 24 недела од бременоста. Во истата амбуланта се вршат и други испитувања за интервенции, како амниоцентези, индукции со медицинска индикација,  и прегледи за трудници за боледувања кој што траат до 21 ден.  Сите овие прегледи се извршуваат секој вторник од 08:30 до 11:30 и во тој временски интервал амбулантата работи само со тие пациенти кој што се дојдени тој ден на интервенција или преглед за боледување,  и тој период  во тој временски интервал не се закажуват прегледи.

    Акушерска амбуланта број 36 е амбуланта во која се вршат прегледи и редовни контроли за трудници од 28 недела од бременоста  па се до крајот на бременоста. Амбулантите 36 и 37 работат во две смени од 08:30 до 19:00 часот.

     

    СПЕЦИФИКАЦИЈА НА ГИНЕКОЛОШКИ АМБУЛАНТИ

    Гинеколошка амбуланта број 11 и 34 се општи гинеколошки амбуланти во кои се
    врашат ехо прегледи, колпоскопија, брисеви, ХПВ типизација, прегледи за тумори, цисти, миоми, контроли после биопсија и киретажа,  и др.

    СПЕЦИФИКАЦИЈА НА СУБСПЕЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ АМБУЛАНТИ

    Субспецијалистичката амбуланта број 28 а амбуланта за Фетален скрининг и супервизија. Во оваа амбуланта се вршат прегледи за трудници од 20 – 24 гестациска недела, се извршуваат скрининзи и супервизии за малформации како ехо-кардиографија, малформации за бубрези, спинавифина, тумори на глава, цисти, плодова вода. Во истата амбуланта секоја  Среда од 13:00 до 14:00 часот се состанува комисија за боледување над  60 денови и тој период  во тој временски интервал не се закажуват прегледи.

    Субспецијалистичката амбуланта број 29  е амбуланта за Ендокринологија, асистирана репродукција и неплодност.  Во оваа амбуланта се вршат прегледи и консултации за понатамошно испитувања и третирања на пациентите кои имаат проблеми со неплодност.

    Субспецијалистичката амбуланта број 33 е амбуланта за Урогинекологија, односно уролошки проблеми како пролапси, проблеми со бешика, прстен песар, неконтролирано мокрење или инконтиненција, цистоцела, еритроцела, систула вагиналис, перинеопластика и др.

    Субспецијалистичката амбуланта број 35 е Онколошка амбуланта во која се врашат прегледи за карциноми и пост-оперативни прегледи. Амбулантата 35 работи во две смени од 08:30 до 19:00 часот.

     

    Акушерските амбуланти 36 и 37, како и Гинеколошката амбуланта 35 работат во две смени од 08:30 до 19:00 часот. Распоредот за вторите смени се изготвува најкасно до 10-ти во тековниот месец за следниот месец. Термините за прием во вторите смени ќе бидат одобрени најкасно до 10-ти во месецот. Во случај на отсуство на лекарот во амбулантите, соодветното одделение одговара за отсуството и наоѓа замена за истиот.

    Поради годишните одмори на лекарите во летниот период, во месеците Јули и Август амбулантите работат со изменет распоред. Во тој период втора смена работи само Акушерската амбуланта бр. 37
    Во Ургентната амбуланта не се закажуваат прегледи, работи само со итни случаи и отворена е нон-стоп 24 часа.

                                                                                                                                                         

    Со почит,
     

    Управа на ЈЗУУГАК – Скопје

    и

    Министерство за здравство

    Уреа издишен тест за Helicobacter pylori

    25 Авг 2014

    УК за Гастроентерохепатологија започна со примена на тестирањето Уреа издишен тест (УИТ) кое спаѓа во групата на неинвазивни тестови за докажување на инфекција со Helicobacter pylori. Во Мој Термин се креирани термини за упатување на овој тест, кон кои може да упатуваат специјалисти по интерна медицина како и субспецијалисти по гастроентерохепатологија. Тестирањето е креирано како апарат со назив УРЕА ИЗДИШЕН ТЕСТ ЗА HELICOBACTER PYLORI и е со категорија Хеликобактер. Во продолжение е дадено упатство и протокол за примена на ова тестирање.  

    УК за Гастроентерохепатологија и 

    Министерство за здравство

    Постапка за отворање корисничко име во Мој Термин

    12 Авг 2014

    За да се креира корисничко име во Мој Термин потребно  е податоците за лекарот да бидат објавени на веб страната на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија во Шифрарникот на лекари

    За доставување на барање на корисничко име потребно е следново:

    Се праќа е-маил на адресата mojtermin@zdravstvo.gov.mk, со назнака(наслов) Барање за корисничко име.

    Во е-маилот треба да се наведат следните податоци:

    ·         Име и презиме на докторот

    ·         Факсимил

    ·         Мобилен телефон за контакт

    ·         Активна е-маил адреса за контакт

    ·         Име на Здравствена установа (ПЗУ/ЈЗУ) во која што работи

    По одобрување на барањето ќе добиете повратен одговор по е-маил со податоци за вашето корисничко име и лозинка, како и кратки инструкции за најавување и работа во Мој Термин.

    Министерство за здравство

     

    Известување за начин на упатување на пациенти за комисиски преглед за проценка на вид во ЈЗУ УК за Очни болести

    25 Јул 2014

    Упатувањето на пациенти за остварување на социјални права (добивање на мислење од стручна комисија за одредување степен на инвалидитет, проценка на работоспособност и сл.) кон ЈЗУ УК за Очни болести - Скопје се врши на следниот начин:

    ·         Во Мој Термин во ЈЗУ УК за Очни Болести – Скопје е дефинирано посебно одделение со назив Комисија за проценка на вид со специјалност Офталмологија. Пациентите се упатуваат со специјалистичко-субспецијалистички или интерспецијалистички упат со термин за преглед.

    ·         Комисиски преглед за проценка на вид ќе се врши исклучиво само со упат со термин кон Комисија за проценка на вид. Комисијата заеднички го прегледува пациентот и го составува извештајот. На извештајот од прегледот се потпишуваат сите членови на комисијата со име и презиме, своерачен потпис и факсимил, а потоа извештајот се заверува од страна на клиниката.

    ·         Пациентите задолжително треба лично да бидат присутни на прегледот и со себе да ги носат сите потребни документи, меѓу кои задолжително документ за лична идентификација (лична карта), здравствена легитимација и ЕЗК. Пациентите без документ за лична идентификација и некомплетна медицинска документација нема да бидат прегледани.

     

    Јули, 2014 г.

     

    ЈЗУ УК за Очни болести и

    Министерство за здравство

     

    Известување за упатување за испитување на тироидна жлезда на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина

    19 Мај 2014

    Почитувани,

    Институтот се соочува со проблеми во работењето заради неправилното упатување за прегледите за испитување на тироидна жлезда кои се вршат на Институтот. За да се создадат подобри услови за преглед на пациентите, неопходно е да се придржувате кон начинот на правилно упатување, а за кој повторно Ве известуваме:

    1. Доколку пациентот бил прегледан во изминатиот период од страна на доктор од Институтот и во извештајот кој му е издаден при тој преглед е наведен датумот на кој треба да се јави повторно на преглед, во тој случај на пациентот му се издава Упат со повисок приоритет (ова важи само за постари случаи, кога се уште не се користеше електронското упатување).
    2. Во случај кога пациентот не се појавил на закажаниот термин, задолжително треба да има нов закажан термин преку електронскиот систем Мој термин.
    3. Пациентите кои за првпат треба да направат испитувања, потребно е најпрвин да бидат упатени на секундарно ниво кон специјалист по интерна медицина, кој после извршениот преглед и соодветни испитувања ја утврдува потребата од евентуално приоритетно упатување на Институтот. Ова се однесува и на оние пациенти кои подолг период не биле на контролен преглед во Институтот, односно не правеле редовни контролни прегледи.

    Воедно Ве известуваме дека започнувајќи од 01.09.2014 год.  завршува важењето на точка 1, односно сите прегледи кои се вршат на Институтот задолжително треба да бидат закажани во системот Мој Термин. Најголем дел од упатувањето веќе го вршат самите доктори од Институтот со закажување на контролен преглед.

     

    Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина и

    Министерство за здравство

    Во ЈЗУ УК за Нефрологија отворена е амбуланта за подготовка на пациенти за трансплантација на бубрег (за подготовка на листа)

    16 Апр 2014

     

    Почитувани,

    Ве известуваме дека во ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија – Скопје е отворена амбуланта за подготовка на листа на пациенти за трансплантација на бубрег. Целта е да бидеме лесно достапни за сите пациенти кои ќе се упатат за подготовка за трансплантација на бубрег, да бидат што е можно побрзо прифатени, подготвени и поставени на листата за чекање за трансплантација на бубрег. Посебен акцент се става на лекарите кои работат во Центрите за дијализа во РМ.

    Амбулантата започнува со работа од 17.04.2014 година (четврток).

    Постапката на закажување пациенти преку Мој Термин е следна:

    1. Матичниот лекар избира тип на упат: Специјалистички-Субспецијалистички упат.
        Лекарот специјалист избира тип на упат: Интерспецијалистички Упат.

    2. Се избира специјалност: Нефрологија.

    3. Се избира клиника: ЈЗУ УК за нефрологија.

    4. Во полето лекар/апарат се избира: Амбуланта за подготовка на пациенти за трансплантација на бубрег (за подготовка на листа).

    Се избира посакуваниот термин и се закажува прегледот на пациентот.

     

    Со почит.

    ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија – Скопје.

    Постапка за упатување на скенирање со радиоизотопи на Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина

    14 Апр 2014

    Ве известуваме дека од 15.04.2014 година, упатувањето за скенирање со радиоизотопи на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, Медицински факултет во Скопје ќе се врши на следниот начин:

    1. Упатувањето на пациенти за скенирање го прават само лекари од секундарно и терциарно ниво (специјалисти/субспецијалисти).
    2. Еден упат се користи само за ЕДЕН вид на скенирање. Доколку се потребни повеќе видови на скенирања за еден ист пациент, лекарот е должен да издаде повеќе упати за истиот пациент.

    Постапка на креирање на упат за скенирање:

    1. Се избира тип на упат : Упат кон Нуклеарна медицина.
    2. Се избира Клиника: Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина.
    3. Се избира Оддел: Нуклеарна медицина-скенирање.
    4. Се внесува телефон за контакт на пациентот (мобилен или фиксен).
    5. Се избира Видот на скенот: од опаѓачко мени.
    6. Во полето Вид на скен (опис) може да се внесе текст за дообјаснување на бараниот преглед. Ова поле не е задолжително.
    7. За терминот на скенирање пациентот ќе биде контактиран на телефонскиот број наведен во упатот. Ве молиме да внесете точен и валиден телефонски број на пациентот.

    Доколку имате било какви дополнителни прашања, Ве молиме јавете се во Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина на телефонскиот број 070-396-633, секој ден од  10 до 12 часот.

    Со почит,

    Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина
    и
    Министерство за здравство

    Известување за начинот на упатување кон ХПВ-Типизација, STD-панел, Кариотип во УК за гинекологија и акушерство

    1 Апр 2014

    Ве известуваме за закажувањето за следните анализи на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје

    1.      ХПВ-Типизација, STD-Панел која пациентите може да ги добијат во Лабораторијата за ХПВ-типизација.

    2.      КАРИОТИП која пациентите може да ја добијат во Цитогенетската лабораторија.

    Доколку треба да се направат анализите  КАРИОТИП,  ХПВ-Типизација, STD-Панел, на пациентот треба преку системот Мој ТЕРМИН да му издадете специјалистичи/интер-специјалистички упат до Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје. При закажувањето, во полето за специјалност избирате -  МЕДИЦИНСКА ГЕНЕТИКА.

    Времето за прием за испитувањата ХПВ-Типизација, STD-Панел, е секој ден од  08:30 – 14:00 часот.

    Времето за прием за испитувањата КАРИОТИП, е во деновите Понеделник  и Петок од  08:30 – 12:00 часот.

    Доколку имате било какви дополнителни прашања, Ве молиме јавете се на телефонскиот број (02) 3228-440 во Клиниката за гинекологија и акушерство.

     

    Со почит,


    ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје
    и
    Министерство за здравство

    Известување за упатување на пациенти кон ОРЛ амбуланта во Институт за медицина на трудот

    28 Мар 2014

    Ве известуваме дека од 02.04.2014 година, почнува со работа ОРЛ амбуланта во Институт за медицина на труд на РМ - Скопје, каде што ќе ординираат професори и специјалисти од ЈЗУ УК за уво нос и грло. Закажувањето се изведува преку системот за електронско закажување “Мој Термин“.  

    Постапката на закажување на пациенти е следна:

    1.       Матичниот лекар избира тип на упат: Специјалистички-субспецијалистички упат.

    2.       Се избира специјалноста: Оториноларингологија.

    3.       Се избира установата: ЈЗУ Институт за медицина на труд.

    4.       Се избира одделението: ОРЛ амбуланта.

    5.       Се избира  посакуваниот термин и се креира електронски упат за пациентот.

     

    ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ ДО ПОСТАПКАТА НА ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИ КОН НАШАТА УСТАНОВА. За сите дополнителни прашања Ве молиме да ни се обратите и на телефонскиот број (02) 3110-491.

    Со почит,

    ЈЗУ Институт за медицина на труд на РМ
    и
    Министерство за здравство

    Известување за прегледи на пациенти со дијагноза на Хемофилија на Институт за трансфузиона медицина

    20 Мар 2014

    Ве известуваме дека од 01.04.2014 начинот на упатување на пациенти со дијагноза на Хемофилија ќе се одвива на следниот начин:


    1. Матичниот лекар избира тип на упат: Специјалистички-Субспецијалистички упат.
    Лекарот специјалист избира тип на упат: Интерспецијалистички Упат.

    2. Се избира специјалност: Трансфузиона Медицина.

    3. Се избира клиника: Институт за Трансфузиона Медицина.

    4. Во полето лекар/апарат се избира: Центар за Хемофилија.

    Се избира посакуваниот термин и се закажува прегледот на пациентот.
    Исто така ве известуваме и дека нашата докторка д-р Сузана Стојкоска работи во нашата служба во ЈЗУ УК по хируршки болести "Св. Наум Охридски" - Скопје.
    Затоа Ве молиме кога ќе издадете упат на пациент закажан кај неа објаснете му да се упати во таа болница.

    За дополнителни информации, Ве молиме јавете се на телефонскиот број 02-3226-923.


    Со почит,

    Институт за трансфузиона медицина 
    и 
    Министерство за здравство

    Известување за Компјутерски томограф во ЈЗУ Клиничка болница - Тетово

    12 Мар 2014

    Во ЈЗУ„Клиничка болница – Тетово“ започна со работа Компјутерски томограф (КТ) на кој се вршат следните снимања: КТ на глава, синуси, C и L-S р`бет, торакс и абдомен.

    Дефинирани се термини (од 17.03.2014г., понеделник) во системот Мој Термин преку кој специјалистите можат да вршат упатување на овие снимања.

     

    ЈЗУ КБ Тетово и

    Министерство за здравство

    Известување до докторите кои упатуваат пациенти до ЈЗУ УК за Кардиологија

    5 Мар 2014

    Сите пациенти кои се упатуваат на Преглед или Дијагностички процедури (во системот на Министерство за Здравство "Мој термин" се прикажани како апарати) мора да имаат Електронски упат (Специјалистички–субспецијалистички – ако е упатен од секундарно ниво или Интерспецијалистички - ако е упатен од терциерно ниво) со задолжителен Број на упат (Генериран од Мој термин).

    Закажувањата за испитување на некои од апаратите се врши на тој начин што прво се избира  специјалност/категорија, потоа се избира апаратот.

    Специјалност: Ехокардиографија
    Апарати:
    1. Ехокардиографија 1 140-1/1  
    2. 
    Ехокардиографија 2 140-1/2  
    3. 
    Ехокардиографија 3 140-2/1 (Втора смена)

    Специјалност: Холтер
    Апарати:
    1. Холтер за ритам на срце
    2. Холтер за притисок
     

    Специјалност: Пејсмејкер
    Апарати:
    1. Техничка контрола на пејсмејкер

    Специјалност: Коронарен стрес тест
    Апарати:
    1. Коронарен стрес тест (КСТ)
    2. 
    Коронарен стрес тест (КСТ) (втора смена)

    Специјалност: Доплер
    Апарати:
    1. Доплер на каротиди
    2. 
    Доплер на каротиди (втора смена)
    3. 
    Доплер на екстремитети
    4. 
    Доплер на екстремитети (втора смена)


    Со почит,

    ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА КАРДИОЛОГИЈА
    и
    МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

     

     

    Известување за упатување кон апарати во ЈЗУ УК за Хируршки Болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

    24 Фев 2014

    Ве известуваме дека од 20.02.2014 година начинот на упатување на пациенти кон апаратите ЕХОТОМОГРАФИЈА (БИОПСИЈА НА МЕКОТКИВНИ ТУМОРИ) И  КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА (БИОПСИЈА НА МЕКОТКИВНИ ТУМОРИ)  се одвива на следниот начин:

    1.      ЕХОТОМОГРАФИЈА (БИОПСИЈА НА МЕКОТКИВНИ ТУМОРИ)

    ·         Матичниот лекар избира тип на упат: Упат за Радиодијагностика 1

    ·         Лекарот специјалист избира тип на упат: Упат за Радиодијагностика 2

    ·         Се избира специјалноста: ЕХО

    ·         Се избира установата: ЈЗУ УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

    ·         Се избира посакуваниот термин и се закажува прегледот на пациентот

     

    НАПОМЕНА: Биопсија за мекоткивни тумори (РДУ1) матичниот лекар може да го издаде ИСКЛУЧИВО по препорака на специјалист радиолог, ортопед, трауматолог, хематолог, гинеколог и радиотерапевт-онколог.

     

    Подготовка за пациентот пред прегледот (ВАЖНО):

    - Најмалку 3-5 дена пред интервенцијата пациентот да се јави во нашата Клиника на Р.Е.Ренген заради

      консултација со специјалист радиолог, со себе носејќи ги сите резултати од предходните испитувања

    - На ден на интервенција пациентот да биде гладен

    - На денот на интервенцијата да не прима антикоагулантна терапија, со предходна консултација на

      трансфузиолог

    - Да го извести лекарот ако е алергичен на лекови, храна и слично.

     

    2.      КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА (БИОПСИЈА НА МЕКОТКИВНИ ТУМОРИ)

    ·         Лекарот специјалист избира тип на упат: Упат за Радиодијагностика 2

    ·         Се избира специјалноста: Компјутерска Томографија

    ·         Се избира установата: ЈЗУ УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

    ·         Се избира посакуваниот термин и се закажува прегледот на пациентот

     

    Подготовка за пациентот пред прегледот (ВАЖНО):

    - Најмалку 3-5 дена пред интервенцијата пациентот да се јави во нашата Клиника на Р.Е.Ренген заради

      консултација со специјалист радиолог, со себе носејќи ги сите резултати од предходните испитувања

    - На ден на интервенција пациентот да биде гладен

    - На денот на интервенцијата да не прима антикоагулантна терапија, со предходна консултација на

      трансфузиолог

    - Да го извести лекарот ако е алергичен на лекови, храна и слично.

     

    ЈЗУ УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

    и

    Министерство за Здравство

    Известување за начинот на упатување на пациенти кон Институтот за медицинска физиологија и антропологија

    19 Фев 2014

    Ве известуваме дека од 20.02.2014-та година начинот на упатување на пациенти кон докторите специјалисти од Институтот за медицинска физиологија и антропологија се изведува преку системот за електронско закажување “Мој Термин“.

    Постапката на закажување е следна :

    За спортски прегледи:

    1. Матичниот лекар избира тип на упат : Специјалистички-субспецијалистички
    2. Се избира специјалност : Спортска медицина
    3. Се избира установа : Институт за медицинска физиологија и антропологија
    4. Се избира одделение кон кое треба да се упати пациентот:

    -        Одделение за спортска медицина  ( специјалност - спортска медицина) - Прегледи на спортисти со проширен пакет 

    -        Одделение за антропометрија и ЕКГ (специјалност - спортска медицина) - Скратен спортски преглед за деца до 8 години

    5.  Се избира термин и се креира електронски упат за пациентот

    За прегледот ЕМГ за гравиден утерус:

    1. Матичниот гинеколог или специјалист избира тип на упат : Специјалистички-субспецијалистички
    2. Се избира специјалност : Неврологија
    3. Се избира установа : Институт за медицинска физиологија и антропологија
    4. Се избира: ЕМГ за гравиден утерус
    5. Се избира термин и се креира електронски упат за пациентот.

    За сите дополнителни прашања може да се обратите на телефонските броеви (02) 3111-774 и 3113-627 во периодот од 08:00 до 12 часот.

    За прегледите кои се претходно закажани во Институтот  потребно е да се издаде упат со повисок приоритет, кој не смее да биде постар од 7 дена.

     

    Институт за медицинска физиологија и антропологија

    и

    Министерство за здравство

    Упатување за интервенцијата „Кор биопсија на дојка“ на УК за радиологија

    6 Фев 2014

    Ве известуваме дека упатувањето за интервенцијата „Кор биопсија на дојка“ на УК за радиологија - Скопје, се врши со издавање на Упат за радиодијагностика (РДУ1 или РДУ2) кон апаратот Ехотомографија (Биопсија на дојка) во категорија ЕХО.

    Упат за кор биопсија на дојка може да издаде матичен лекар исклучиво по препорака на специјалист радиолог, торакален хирург и радиотерапевт – онколог. Лекари кои ќе ја вршат интервенцијата се д-р Светлана Темелковска и д-р Маја Јакимовска Димитровска.

     

    Подготовка на пациентот пред прегледот (ВАЖНО):

    - Пациентот со себе да ги носи претходните резултати (ехо, мамографија не постари од 2 недели).

    - На денот на прегледот да не прима антикоагулантна терапија со претходна консултација со трансфузиолог.

    - Да го извести лекарот ако е алергичен на некој лек.

     

    УК за Радиологија – Скопје

    и

    Министерство за здравство

    Нови лекари-специјалисти во Воено Медицински Центар Скопје

    21 Јан 2014

     

    Ве известуваме дека во Воено Медицински Центар Скопје, Министерство за Одбрана, започнаа со работа нови лекари – специјалисти:

    1.      Др.Елизабета Петрушевска-Михајловска-Психијатар

    2.      Др.Сузана Минева -Невролог

    Ве информираме дека за нив се креирани термини за преглед во Мој Термин и кон нив може да се креираат упати.

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕГЛЕДИ НА СПОРТСКА МЕДИЦИНА

    20 Јан 2014

    Ве известуваме дека од 01.01.2014 година, начинот на упатување на пациенти кон докторите специјалисти по спортска медицина во установата “Работна единица Завод за превентивни здравствени прегледи на спортисти“ која е во состав на ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ се изведува преку системот за електронско закажување “Мој Термин“.  

    Постапката на закажување на пациенти е следна:

    1.       Матичниот лекар избира тип на упат: Специјалистички-субспецијалистички упат.

    2.       Се избира специјалноста: Спортска медицина.

    3.       Се избира установата: ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ.

    4.       Се избира одделението Спортска медицина, каде се појавуваат слободните термини за закажување на пациентите.

    5.       Се избира  термин и се креира електронски упат за пациентот.

    ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ ДО ПОСТАПКАТА НА ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИ КОН НАШАТА УСТАНОВА. За сите прашања може да ни се обратите и на телефонскиот број (02) 3225 - 402

    Со почит,

    Работна единица Завод за превентивни здравствени прегледи на спортисти – ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ

    и

    Министерство за здравство

    Интернистички прегледи во ЈЗУ ГОБ 8ми Септември

    25 Дек 2013

    Ве известуваме дека во ЈЗУ ГОБ 8ми Септември, за прегледите од страна на специјалистите по интерна медицина кои ги вршат во Општата интерна амбуланта, креирани се термини во Мој Термин. Прегледите ќе се вршат во две смени и започнуваат од првиот работен ден во 2014та година, 2-ри јануари.

    Закажувањата на прегледи се врши на тој начин што се избира специјалност интерна медицина и Општа интерна амбуланта.

     

    Нови лекари - специјалисти во ЗД СКОПЈЕ

    10 Дек 2013

    Ве известуваме дека во ЈЗУ ЗД Скопје започнаа со работа нови лекари - специјалисти. Ве информираме за нивниот распоред во Поликлиники и нивната специјалност, со цел да ги пронајдете полесно при креирање на упати преку Мој термин:

    1.      Др.Јелена Стојмановиќ-Психијатар, Поликлиника Ченто

    2.      Др.Љубинка Дамјановиќ-Психијатар, Поликлиника Букурешт

    3.      Др.Родна Козоловска-Невролог, Поликлиника Ѓорче Петров

    4.      Др.Јулијана Крстева-Дерматовенеролог, Поликлиника Чаир

    5.      Др.Коста Карагоцев-Физијатар, Поликлиника Чаир

    6.      Др.Вера Преншовска-Николовска-Интернист, Поликлиника Бит Пазар

    7.     Др.Билјана Трифуновска –Оториноларинголог, Поликлиника Бит Пазар

     

    Со почит,

    Министерство за здравство и

    ЗД на Скопје - Скопје

    ИЗВЕСТУВАЊЕ до матичните лекари од Скопје за прегледи на ортопеди

    10 Дек 2013

    Ве известуваме дека од 12.11.2013 година, во Одделението за ортопедски болести во Поликлиника БУКУРЕШТ, во втора смена ќе работат  специјалисти ортопеди од ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ (ОРТОПЕДИЈА).

    Прегледите ќе се закажуваат преку МОЈ ТЕРМИН во ЈЗУ “ЗД Скопје - Поликлиника Букурешт” Скопје, во Амбуланта ортопедија, специјалност ортопедија. Во времето за прием ќе биде дадена информација кој специјалист ортопед ќе ги извршува прегледите одреден ден. Прегледите ќе се вршат секој работен ден од 14:30 до 19:30 часот.

    Приемот на пациенти е воглавно наменет за возрасна патологија.

    ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ –   

    С К О П Ј Е

    Упатување за анализата Спермограм и ОГТ-тест за трудници на УK за гинекологија и акушерство - Скопје

    10 Дек 2013

    Почитувани,

    Ви се обраќамe со појаснување околу закажувањето за следните анализи на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје:

    1. Спермограм  (ЦГА 3), која  пациентите можат да ја добијат во Андролошката лабораторија  и 

    2. ОГТ- тест  (скриен шекер кај трудници) која  пациентите можат да ја добијат во Биохемиската лабораторија

    1. Доколку треба да се направи анализата спермограм, на пациентот треба да му издадете упат до специјалист уролог, кој потоа го преупатува пациентот со интерспецијалистички упат до Андролошка лабораторија во Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје. Дополнително Ве известуваме дека анализата спермограм може да се изврши и во други установи (Институт за хистологија и ембриологија, ГОБ 8ми Септември...) со специјалистички-субспецијалистички упат издаден од матичен лекар.

     2. За ОГТ- тест (скриен шеќер кај трудници) треба да издадете Лабораториски упат 2. Потоа пациентите треба да закажат термин  за испитување во Биохемиската лабораторија,  на тел. 02/3228 440 секој работен ден од   08:30 – 19:00  часот. Пред да дојде во Биохемиската лабораторија на испитување, предходниот ден од 19:00 часот пациентката не треба да конзумира храна и пијалоци, освен вода обична или минерална. Исто така Ве известуваме дека оваа услуга пациентите може да ја добијат и во други здравствени установи. 

     

    Со почит,

    ЈЗУ Универзитетска клиника за 

    гинекологија и акушерство - Скопје

    Специјалист
    Апарат
        x